преферира (св. и несв.)
Двајцата изјавија дека не го преферираат тој начин на однесување, но не можеа да не додадат дека им се чини дека другиот партнер го преферира.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Потоа разговаравме за причините поради кои ги преферира токму овие правци на развој.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во модерните градови се преферира да се земе здраво за готово дека јас сум внатре во мојата кожа и вон твојата, а ти си внатре во твојата кожа и вон мојата!
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
-, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
(...)Нови форми и граници чиешто значење е нејасно или 50 Бауман (и низа други теоретичари) го преферираат терминот ’глокализација’ наместо ’глобализација’, нагласувајќи ја меѓусебната врска меѓу глобализација и територијализацијата/ локализацијата како взаемно исклучиви но истовремено и заемно поттикнувачки процеси.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
- Па, преферирам машко, да. Но, не мора.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Не сакав да се издадам дека преферирам чист ум, некако успеав да изглумам дека шмркнав.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)